Услови

Услови за користење на услугите на eHost


Условите кои се наведени на оваа страна се склучуваат помеѓу корисникот (Вие) и Симона Нет Копи ДООЕЛ (во понатамошниот текст како "eHost"). eHost го задржува правото да ги промени условите на користење без предходно известување.


1. Услови за плаќање

1.1 Доколку Вие како корисник не сте задоволни од услугите на eHost, во рок од 30 дена од денот на уплатата можете да поднесете барање за повраток на електронски уплатените средства. Повраток на уплатените средства не важи за домени, такси и трансакциони такси. За да бидете квалификувани за повраток на уплатените средства не смеете да ги прекршите условите за користење на услугите на eHost.
1.2 Доколку вршите електронска уплата преку системот за наплата 2Checkout се наплаќа такса во висина од 5,5% од износот.
1.3 Доколку вршите уплата на трансакциона сметка, за да одбегнете трансакциони такси морате да уплатите во наведената банка.
1.4 Доколку вршите уплата на фактура се наплаќа 18% ДДВ од износот.
1.5 Доколку вршите уплата преку Moneybookers се наплаќа такса во висина од 3% од износот.


2. Ограничувања и гаранции

2.1 eHost вложува секакви напори да го задржи квалитетот на сите услуги, но затоа што многу околности не се под контрола на eHost, eHost на никој начин не гарантира достапност до eHost серверите и не е одговара за недостапност или губиток на податоци, спора конекција и други проблеми кои не зависат од eHost.
2.2 eHost не превзема одговорност за никаква содржина која Вие како корисник сте ја превземале од интернет, и истата сакате да ја користите на нашите сервери. Ваша должност е да ја проверите содржината пред да ја поставите на нашите сервери.
2.3 eHost го задржува правото да отстрани одредена содржина која Вие како корисник сте ја поставиле на нашите сервери, доколку наштетува на функционирањето на услугите на eHost.
2.4 Вие како корисник, откако ќе го добиете вашето корисничко име (ID) и вашата лозинка се сложувате дека Вие сте одговорни за сите информации и содржина која ја внесувате на нашите сервери.
2.5 eHost ве обврзува вашата лозинка да не ја доверувате на трети лица.


3. Полиса на користење на услугите

3.1 Забрането е поставување на нелегална содржина (музика, филм, програми и сл.) за која немате авторско право.
3.2 Забрането е СПАМ-ирање, т.е. масовно праќање на маил.
3.3 Забрането е користење на премногу ресорси (CPU, RAM) од серверите на eHost.
3.4 Забрането е поставување на порнографска содржина доколку ги прекршува постоечките закони.


eHost го задржува правото без никакви претходни известувања да ги ограничи или исклучи услугите на корисниците кои ќе ги прекршат условите за користење на еHost или пак постоечките закони.

eHost